Соединетите Американски Држави го откажаа лансирањето на интерконтиненталната балистичка ракета „Минутмен 3“, пренесуваат странските агенции.
Како што е наведено, ракетата со дострел од 10.000 километри е способна да носи нуклеарно оружје и претставува клучна компонента на американскиот воен арсенал.
Пентагон првпат го одложи тестот на 2 март, веднаш откако рускиот претседател Владимир Путин ги стави своите сили во состојба на готовност.
Во тоа време, САД соопштија дека презеле чекори за „минимизирање на ризикот од погрешно проценување“, но додадоа дека го одложуваат тестот „на кратко“.
Портпаролот на американското воено воздухопловство изјави дека и овојпат е откажано тестирањето поради истата причина.