Во Македонска Каменица е реализирана акцијата „Дарувај книга-размени книга” во чии рамки клонот на делчевската библиотека во М.Каменица, „К.П.Мисирков“ доби донација од книги.
Со реализацијата на активноста, како што истакна директорката на ЈЛБ ,,Илинден” Биљана Петровска, читателите од Каменица ќе имаат голем избор на добри наслови, кои ќе можат да ги изнајмуваат од Клонот „К.П.Мисирков”.
-Убаво е кога можеме да си подариме, помогнеме, да соработуваме. Нашиот клон во М.Каменица преку оваа акција доби на подарок вкупно 626 книги. Од овие книги или 387 изданија или 107 наслови се детска литература, додека за возрасни се донирани 239 книги. Учество во реализацијата на оваа иницијатива земаа Општина М.Каменица со дел од општинската администрација задолжен за родова еднаквост и еднакви можности за сите, истакна Петровска.
Упати јавна благодарност и до останатите учесници во акцијата.
-ЈЛБ „Илинден“-Делчево од срце им се заблагодарува на сите кои ја поддржаа оваа иницијатива и донираа, меѓу кои невладиниот сектор и приватни компании. Сите наслови веќе се обработени и достапни до читателите во М.Kаменица.
Со оглед на тоа што библиотеката е со скратен буџет и недостиг на средства, оваа донација во библиотеката во М.Каменица, како што додадоа од ЈЛБ „Илинден”, е повеќе од добредојдена.