Рурална коалиција во соработка со кичевското Здружение за родова еднаквост „Еманципирана жена“ денеска во Кичево организира тркалезна маса на тема „Дали личиме на ЕУ“ на која ќе се дискутира за заштита на човековите права во земјава и во регионот.
-Вакви работилници ќе бидат организирани во 12 града во земјава за да се подигне свеста кај јавноста за постојните бариери за мониторинг и заштита на човекови права во Западен Балкан, преку кратки докуметнарни филмови и анимирани видеа, најави извршната директорка на Рурална коалиција, Лиљана Јоноски.
Тркалезната маса, како што нагласи, има за цел иницирање дебата за прашања поврзани со човековите права во Република Северна Македонија, како и откривање што треба да сторат институциите на локално ниво за да работат врз принципите на ЕУ.