Жителите на Лешок самите собраа средства и извршија поплочување на голем број улици низ селото кои досега беа земјени патишта.

По заедничка иницијатива на месните заедници на Лешок и Слатино, единствена помош од Општина Теарце е добиена за поплочување на патот што ги поврзува двете села.

– Месната заедница од Лешок заедно со несебичната и огромна помош на нашите сограѓани од оваа улица ги уредува и последните метри од Лешок. 95 проценти од Лешок е поплочен со бекатон плочки. Продолжуваме понатаму се додека и последниот дел од Лешок не биде уреден како и што му доликува, информира Јовица Поповски претседател на месната заедница

Актуелниот состав на месната заедница изминативе неколку години презема повеќе иницијативи и со самопридонес на мештаните се решаваат инфраструктирни проекти. Во 2021 со средства собрани од жителите и на месната заедница во тетовското село Лешок на главната водоводна цевка се приклучени дополнителни извори со вода со цел да се подобри водоснабдувањето во селото. Се работело и на поставување на улично осветлување, грпки на патиштата и слично.