Во пресрет на Денот на здравјето 7 Април, учениците од профилот фармацевтски техничар при СОЗШУ „Ѓорче Петров", заедно со своите ментори лансираа уште два нови производа.

-Ентузијазмот на овие ученици и ментори е за восхит. Нивното знаење, желбата за докажување и успех ги преточија во два вида различни масти, за надворешна употреба – маст од невен и маст од кантарион. Двата типа масти делуваат на опекотини, помагаат при зарастување на рани, поттикнуваат циркулација и епителизација на кожата, делуваат противвоспалително и антибактериски, информира училиштето кое постои 66 години.

Производите не се за комерцијална употреба. Наменети се за наставно-научни цели и ќе им бидат подарени на тие што ќе изразат желба да ги пробаат, рекоа од ова средно училиште.