Камениот мост којшто претставува едно од главните историски обележја и симбол на градот Скопје постојано е мета на вандализам и несовесно однесување, додека на столбовите во подножјето на мостот континуирано се забележуваат големи количества неправилно одложен отпад и непријатна миризба.
ЈП Комунална хигиена-Скопје секојдневно ја одржува хигиената и чистотата на Камениот мост како една од најфреквентните јавни површини во центарот на градот. Екипите на Претпријатието вршат рачно и машинско метење и миење на целокупната површина на мостот, како и на плоштадите Македонија и Филип Втори. Активностите се одвиваат секој ден, во три смени, вклучително и за време на викендите.