Општина Битола доби поддршка од УСАИД за реализација на проектот „Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите"
Меморандумот за соработка го потпиша градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, со што локалната самоуправа ќе придонесува за подобрување на квалитетот на даночните системи, зајакнување на оперативниот капацитет на даночната администрација и подобрување на способностите на локално ниво за планирање, управување и спроведување на јавните средства.
Со поддршка од овој проект преку подобрување на функционалноста, ќе се зголеми наплатата на приходите од сопствени извори како важен фактор за одржлив и инклузивен општествен, локален и економски развој, зголемена општествена одговорност и поквалитетни услуги за граѓаните, соопштија од секторот за односи со јавност на Општина Битола.