ТППЕ Гевгелија доби нова опрема за спасување од поплави, донација од Дирекцијата за заштита и спасување.

Во присуство на претставници од општината и Дирекцијата за заштита и спасување, примопредавањето на опремата беше извршено во дворот на ТППЕ Гевгелија.

Сетот на опрема што го добија гевгелиските пожарникари се состои од еден агрегат, две потопни пумпи, три црева за извлекување вода, техничко јаже, рефлектор и универзален клуч за спојка, со што значително ќе се подобри капацитетот на пожарникарите во справувањето со поплави.

Пред посетата на ТППЕ Гевгелија, градоначалникот Андон Сарамандов се сретна со заменик директорот Зулфикар Зејнулаи, со кого разговараше за понатамошната соработка и активностите помеѓу Општина Гевгелија и ДЗС со цел да се зајакнат капацитетите во областа на цивилната заштита.