Средното медицинско училиште „Никола Штејн “– Тетово по повод нивниот патронат и денешниот Светскиот ден на здравјето организираа јавен настан во центарот на градот. Учениците правеа проверки на заинтересирани минувачи на нивото на шеќер во крвта и слични медицински проверки. Воедно имаше и презентации на смеровите во училиштето за заинтересираните ученици од основно образование.

-Организирани сме со ученици и колеги да ги информираме учениците од основни училишта да видат какви смерови и услови има кај нас. За сензибилизација на здравјето, според смеровите учениците ги демонстрираа нивните знаења, изјави директорот на училиштето Бинас Пајазити

Градоначалникот на општина Тетово Билал Касами исто така се запозна со активности на училиштето.

-Треба да го чуваме нашето здравје, посебно што поминавме две години со Ковид-19, за добро здравје потребно ни се физички активности. Порачувам младите повеќе време да посветат на тоа, да бидат во природа согласно поговорката „Во здраво тело, здрав дух“.