Најмалку 20 лица загинаа денеска во ракетен напад врз железничка станица во источниот украински град Краматорск, што се користеше за евакуација на цивили.

„Два проектила ја погодија железничката станица Краматорск. Луѓе се повредени. Ги разјаснуваме деталите“, напиша на социјалните мрежи Александар Камишин, шеф на Украинската железница.