Мароко и Шпанија соопштија дека ги подобруваат меѓусебните односи. Ова следува откако Мадрид вети поддршка за планот за автономија на Мароко за спорната Западна Сахара, јави Би-Би-Си.
За време на средбата во Рабат, кралот Мохамед и шпанскиот премиер Педро Санчез, изјавија дека се подготвени да влезат во нова фаза од билатералните односи – „базирани на заедничко почитување, доверба, консултации и сорабока“.
Во изјавата, Санчез го потврди планот за автономија како реална опција за Западна Сахара.
Мароко ја смета поранешната шпанска колонија за своја, потсетува медиумот.
Но, фронтот Полисарио, со поддршка од Алжир, сака да основа своја држава.