Во Ликовниот салон во Велес беше промовирана стихозбирката „Во сенката на шинелот“ на професорката Татјана Трчкова, авторка, поетеса, кантавторка, етно-музичарка и професор по филозофија.
Романот е интересно дело кое отвара и покренува многу прашања. Преку видно полемички, но и поетизиран дискурс кој одлично се снаоѓа во романескните „води“, авторката покренува прашања кои ја засегаат нашата сушност пред се онтолошка, а потоа и идеолошка вредност. И така се развива тој свет на полемики, но и метаполемики и автополемики.Тое е всушност разговор на самите нас-со нас,и тоа-сега и овде, но и некогаш и некаде таму…, истакна рецезентот и една од двете промоторки на книгата проф. д-р Кристина Николовска.
Николовска рече дека тоа некаде таму е родниот град на авторката Велес, гордиот Велес полн со историја минато, традиција, култура и уметност. Но, и Велес во кој истакнати борци од НОВ како Тоше, дури и по години и години, размислуваат за тоа: кои сме, зошто сме, како дојдовме до овде, каде сме и каде одиме?
– Тие прашања на извонреден метафоричен начин, авторката ги покренува преку полнокрвните и повеќеслојни ликови, кои гласно се прашуваат за „возовите-минати, сегашни, идни..“. Така еден од нив отрезнувачки гласно се прашува „Знае ли каде оди овој воз?“И така животот сфатен како патување,го доживува главниот лик Марија, ќерката на Тоше, која секогаш пред секој „нов воз“ во животот покажува скептичност, бидејќи секое патување е неповторливо и непредвидливо, потенцира проф. д-р Николовска.
Проф.Светлана Ќулумова појасни дека овој роман има многу автобиографски податоци но не е автобиографија. Опфаќа историска тематика во која е испреплетена судбината на нејзиниот татко и не случајно му ја посветува нему, но сепак веќе е историски. Романот се состои од два дела првиот е насловен „Старецот и тишината“, а вториот „Соништата на Марија“.
– Тематиката е за балканските сеништа кои провејувале во последните стотина години, испреплетувајќи се меѓусебе меѓу вмровските и петокраки сенки, сменувајќи се постојано со спротивно значење на едните или другите, појасни проф. Ќулумова.
Авторката на романот проф. Татјана Трчкова за МИА истакна дека е родена по војната и ја нема доживеано, но живеела во комунизмот.
– Општествата се менуваат комунизмот беше едно, за тоа и напишав за која идеја татко ми се борел и која му била ѕвездата водителка,која потоа по војната го смени правецот, а посебно после падот на социјализмот. Тој за жал веќе беше деградиран околу новите настани и идеологии, старите се негираат што значи се направи ревизија на комунистичката историја. И неговата идеја за слобода и независност на ова парче земја едноставно стана магла и се сведе на гола идеологија. И затоа татко ми беше многу разочаран и посебно кога ќе го чуеше називит комуњар и во последно време предавник. А и јас како негово дете исто така се чувствував што ме мотивира да ја напишам оваа книга и сетоа тоа во неа да гопренесам, а со што го исполнив и заветот кон мојот татко Тоше Трчков борец од НОВ појасни авторката на книгата Татјана Трчкова.