Шефот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел ја обвини Русија за „застрашувачкиот“ ракетен напад на железничка станица во источниот украински град Краматорск.
„Ужасно е да се види како Русија удира на една од главните станици што ја користат цивилите кои го евакуираат регионот каде Русија го засилува својот напад“, напиша Мишел на Твитер.
Нападот го осуди и шефот на дипломатијата на Европската Унија, Жозеп Борел.
„Силно го осудувам нападот од утринава…од страна на Русија“, објави Борел на социјалната мрежа.