Пред полна сала, со огромни аплузи, вчера вечер се отвори осумнаесетото издание на интернационалниот фестивал „Танц Фест Скопје 2022“ со серијата „Современи кореографски идентитет и кореографии“ на тројца млади уметници Бобан Русески, Раде Обрадовиќ и Јована Зајкова.

Пред моногубројната публика беа изведени кореографиите „Општетсвена критика“ на Бобан Русески, во која настапија Сара Цветковска, Адријана Данчевска и Јована Зајкова, „Пат до месецот“ со гоститие од Нови Сад, Србија, во кореографија на Раде Обрадовиќ и „Самовили и демони“ во кореографија на Јована Зајкова и Бобан Русеки, кои настапија, придружени од воклната уметница Зарина Првасевда.

– Публиката со одушевување и големи аплаузи ги награди младите уметници.Во празнична атмосфера. исполнета со огнена енергија, се отвори роденденското издание на танцовиот фестивал, кој секоја година ги поместува границите кај нас и им овозможува пласман на младите уметници, информираат организаторите на „Танц Фест Скопје 2022“.