Имагинативниот кореографски центар (ИКЦ), заедно со Локомотива – Центар за нова иницијатива во уметноста и културата, од денеска до 15 април 2022 година во Скопје ќе ја организираат програмата „Поетски тела“ и „Утрински кореографски концерти“ (УКК), под раководство на бугарската танцова уметница Жана Пенчева. Како што информираат од „Локомотива“, програмата „Поетски тела“ е линија која нуди поддршка за продлабочување на уметнички интереси или теми во рамки на танцовиот концеп ситуација.

Во рамки на програмата „Поетски тела“ ќе се одржат и „Утринските кореографски концерти“ – бесплатни петдневни утрински тренинзи каде сите заинтересирани учесници можат да се сретнат на еден час со уметницата Пенчева и заедно да го слават танцувањето преку музички варијанти и различни пракси на телото.

– Би сакала да ви предложам заедничка основа, каде што би можеле заедно да ги активираме нашите тела, да ги вклучиме нашите минати искуства и идните мотивации, да го пренесеме преку гледање, поврзување, допирање, запознавање, недоразбирање и танцување едни со други и да ги доведеме до создавањете на концерт, заснован на внатрешни кореографски правила, кои придонесуваат за состојбата на телата кои се осмелуваат и уживаат. Ајде да танцуваме и да влијаеме еден на друг во поетски ритам на секојдневно вежбање концертни сесии преку интуитивните сили на кореографијата!, вели Пенчева.

Жана Пенчева е танцова уметница и кореограф од Бугарија, а по образованието во НБУ – Софија, го продолжи своето образование преку учество на различни работилници за танцови практики и програми, вклучително и Номад танц академија и ДенсВеб. Од 2010 година, таа активно работи како танцова уметница и соработува на различни уметнички проекти како танчерка и кореограф, како и професорка.

Во 2018 година, заедно со Александар Георгиев и Дарио Барето Дамас, таа го формира меѓународниот уметнички тим STEAM ROOM, кој се движи меѓу Бургас, Софија, Тенерифе, Скопје и Стокхолм и ги создава и реализира своите уметнички дела во различни европски контексти. Од 2020 година заедно ја иницираат проектната институција ИКЦ (Имагинативен кореографски центар). Заедно со ИКЦ Жана организира програми и настани кои имаат за цел да ја стимулираат и негуваат сцената на современиот танц, кореографијата и изведбата во различни контексти и земји. Во моментов таа е на турнеја на нејзиниот најнов кореографски концерт „Танцувај душо, танцувај“.

Програмите „Поетски тела“ и „Утрински кореографски концерти“ се реализираат во рамките на проектот „Годишна програма на ИКЦ 2022/2023“ водена од Garage Collective, со финансиска поддршка на Националниот културен фонд Бугарија и со поддршка од Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата, кој е домаќин на активноста, како дел од нејзиниот програма Платформа за професионален развој во уметноста и културата/ Современа кореографија и танц.