Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во синоќешното обраќање ја нападна „руската политика на невистини“.

Тој наведе дека руските медиуми контролирани од државата имаа селективен пристап кон вистината.

– Што прави Русија? Што прават нејзините функционери, нејзините пропагандисти и обични луѓе кои само го повторуваат она што го слушнале на телевизија?, истакна Зеленски.

Тој додаде дека „тие се оправдуваат себеси и негираат… лажат“.

– И тие веќе се оддалечија толку далеку од реалноста што не обвинуваат за она што всушност го направи руската армија, наведе Зеленски.