Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор вчера лесно го преживеа референдумот за тоа дали да поднесе оставка или да го заврши својот мандат, гласање што беше обележано со слаб одѕив, покажуваат првичните резултати.

Мексиканскиот претседател (68), избран во 2018 година за шестгодишен мандат, освои огромно мнозинство гласови од околу 90,3-91,9 отсто за да остане на функцијата до 2024 година, покажува прелиминарното поребројување на Националниот изборен институт.

Излезноста беше меѓу 17 и 18,2 отсто, што значи дека и да загубеше за Лопез Обрадор резултатот немаше да биде правно обврзувачки.

Референдумот го иницираше самиот претседател, кој сакаше да појасни дали граѓаните се задоволни од работата на неговата влада. Резултатите ќе имаа правна сила доколку излезноста достигнеше најмалку 40 проценти.