Поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска прекини во снабдување со електрична енергија ќе имаат повеќе села и делови од Кичево во траење од половина до 6,5 часа.

-Во периодот од 8:40 до 15 часот без струја ќе останат пречистителната станица во Кичево, асфалтната база кај село Србјани и село Бигор Доленци. Во текот на денот получасовни прекини во снабдување со електрична енергија ќе има северниот дел од Кичево, селата Зајас, Трапчин Дол, Црвивци, Гарани, Осломеј, Србица и Туин, во периодот од 10 до 10,30 часот, информираа од подружницата на ЕВН Македонија.

Оттаму дополнуваат дека од 12:30 до 13 часот прекин во електроснабдувањето ќе имаат селата Бачишта, Речани Зајаско, ХЕЦ„ Бачишта“ 1 и 2 и ХЕЦ„ Дупница“ .Половина час подоцна без електрично напојување ќе бидат и селата Мамудовци и Бериково.