Пред Високиот суд во Питермарицбург во Јужноафриканската Република денеска почна неколкупати одложуваниот процес против поранешниот претседател Џејкоб Зума, обвинет за корупција.
Зума не присуствуваше на првото рочиште од процесот, со образложение од одбраната за нагло влошување на здравствената состојба на обвинетиот.
Зума (79) е обвинет за корупција, перење пари и измама, поврзани со сомнителни зделки за набавка на оружје пред семиот истек на неговиот претседателски мандат. Поранешниот претседател, кој ги отфрли обвинувањата, се соочува со можна казна до 25 години затвор.
Покрај судскиот процес Зума треба да даде и изјава пред антикоурпциска комисија што води истрага во врска со неговото вледеење во периодот од 2009 до 2018 година. Поради одбивањата да се појави пред комисијата на Зума веќе му е изречена затворска казна во времетраење од 15 месеци.
Пресудата доведе до немири и протести во крајбрежната провинција Квазулу-Натал, како и во областите на економско-политичките центри Јоханесбург и Преторија.
Според официјалните податоци, најмалку 337 лица загинаа во немирите од јули минатата година, а била направена материјална штета од стотици милони долари. Интензитетот на нередите беше причина да биде ангажирана и армијата за да го воспостави јавниот ред и мир во земјата.