Денес се наоѓаме во комплексот Бунарски систем на комуналното јавно претпријатие Водовод – Кочани, каде го објавуваме завршувањето на проектот за изградба и реконструкција на главниот потисен цевковод во должина од 2.2 километри во вредност од околу 44 ипол милиони денари. Со што добиваме еден стабилен систем за водоснабдување, ги намалуваме загубите и во делот на можноста за земјоделците да пристапат до своите земјоделски површини со почеток на сезоната за наводнување, се покриени со датумот за извршување на нивните активности.
Обврската на Општина Кочани беше да ја спроведе постапката на експропријација на трасата по која се изведуваше овој проект, и обврска ќе биде заедно со изведувачот на работите да се вратат парцелите во првобитната состојба.
Ваква проекција се реализира еднаш во 50 години и очекувам бенефитите да ги почувствува и комуналното јавно претпријатие Водовод, Општината Кочани и граѓаните на општина Кочани.