Шефицата на германската дипломатија Аналена Баербок изјави дека Германија верува дека постојат силни индиции оти се извршени воени злосторства во Украина.

„Внимателно следиме со нашите партнери како можеме да ја поддржиме Украина во иднина, поинтензивно и покоординирано бидејќи тие имаат право на самоодбрана и ние ќе го поддржиме тоа право“, рече таа.

На оваа тема се водат разговори и меѓу земјите членки на Г7, додаде Баербок.