Уметничката Галерија од Тетово по повод 15 април Светски ден на уметноста овие пет дена почнувајќи од денес организира повеќе активности со цел да се промоција и поттикнување на уметничката креативност. Ќе бидат отворени пет изложби на различни јавни простории, а денес на градскиот плоштад беше презентирана колективна изложба на ученици од средните училишта.
– Проектот има за цел да придонесе за културниот развој на градот, да создаде можности за граѓаните да имаат полесен пристап до ликовната уметност и да ја развие јавната свест за посета на галерии и музеи, информираат од Уметничка Галерија.
Утре ќе има изложба со фотографии „Низ соништата“ од Емир Хамзаи во паркот „Градот на пчелите“ покрај кејот на река Пена. Сите активности во сите денови ќе почнуваат во 10 часот и ќе траат до 18 часот.
– Во среда колективна изложба преземена од збирката на дела на Уметничка Галерија Тетово во центарот за култура „Иљо Антески-Смок“. Колективна изложба ќе имаат и студентите на Факултетот за уметности на Универзитетот во Тетово во нивниот кампус во четврток. Последна активност е колективна изложба со графики во паркот во Шарена Џамија, информираат од Уметничката Галерија.
Активностите ќе финишираат в петок, 15 април во 12 часот во просториите на Уметничката Галерија, при што воедно ќе се одбележи роденденот на уметникот избран за симбол на светскиот мир, слободата на изразување и толеранцијата Леонардо да Винчи.