Властите во Шангај денеска ќе започнат со олеснување на „затворањето“ во некои области, и покрај тоа што пријавија рекордни над 25.000 нови случаи на коронавирус во најнаселениот град во земјата и еден од неговите најзначајни финансиски центри.
Метрополата со речиси 26 милиони луѓе ќе дозволи, како што рече градскиот функционер Гу Хонгхуи, „соодветна активност“ во некои населби каде што немало позитивни случаи најмалку две недели. На жителите од овие населби не им е дозволено да патуваат во оние кои сè уште се под строга блокада, пренесува Гардијан.
– Секоја област ќе ги објави специфичните имиња на првата група (заедници), рече Гу на брифингот со новинарите.