Отпочна реконструкција и модернизација на коловозот на патниот премин на ул. „Илинденска“ – мост „Гемиџии“!

Целокупната финансиска инвестиција е обезбедена од Општина Велес и од Македонски железници и инфраструктура кои учествуваат со по 50%. Голема благодарност до Македонски железници и инфраструктура за нивниот придонес во целокупното изведување на градежните зафати.

Следен премин за реконструкција е во Дворови, а понатаму ќе следуваат и премините на Стар мост, Речани и Оризари. Со овие градежни зафати значително ќе се подобри одвивањето на сообраќајот на овој дел и ќе се намали амортизацијата на возилата.

Поубав Велес е возможен, поубав Велес станува реалност!