Се верува дека најмалку 20 лица загинаа во јужноафриканската источна крајбрежна провинција КваЗулу-Натал, поради необично обилните врнежи од дожд. Ова се наведува во дел од медиумските извештаи, додека официјални лица сè уште се обидуваат да ја проценат штетата, јави ДПА.
Има сомневања и за бројни повредени лица, додека штетата на имотите е огромна. Војската е ставена во состојба на зголемена готовност.
Градот Дурбан е особено лошо погоден од дождот. Имаше бројни одрони, а многу критични транспортни рути, сега се под вода. Ситуацијата се влоши со прекините на електрична енергија, а застарената инфраструктура на земјата, се чини не можеше да ја апсорбира надојдената вода.
Жители на социјалните мрежи објавуваат видеа од тоа како вода им тече низ домовите.
Властите повикаа граѓаните да останат зад затворени врати, додека дождот продолжува да врне.