За еден сантиметар е зголемен водостојот на Охридското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Сепак, и покрај тоа водостојот на Охридското Езеро е понизок од просекот за април и тоа за седум сантиметри. За 1,81 метар пониско од просечното е и нивото на Преспанското Езеро со што е на седум сантиметри над апсолутниот минимум од 842,25 (мнм). За разлика од нив, водостојот на Дојранското Езеро е за 2,76 метри повисок од повеќегодишниот просек за овој период од годината.
Пониски од просечните се и водостоите на поголем дел од реките во земјава, но најчесто бележат благо намалување на нивото во споредба со вчера. Најголемо намалување на водостојот од 28 сантиметри има реката Радика на мерното место кај Бошков Мост по што следи Вардар на мерното место кај Јегуновце со намалување од 24 сантиметри.