Штрајкот во основните и средните училишта и во градинките во охридскиот регион тече мирно, без никакви нарушувања, оцени претсетдателката на регионалниот одбор на СОНК за Охрид и Дебрца, Катерина Крстеска.
Во Охрид, како што инфрмира Крстеска, во некои училишта работеле по еден до двајца професори, но со мал број деца.
Притисоци немаме, состојбата е иста како вчера. Мал број деца се на настава, а во некои училишта има по еден-два професори што не штрајкуваат и држат часови. Децата се згрижени во градинките, но во мал број, изјави Крстеска.
Според неа, 90 отсто од наставниот кадар во училиштата и над 60 проценти од воспитувачките и негователките во градинките се во штрајк