Без вода денеска од 11:10 часот се корисниците од Сарај, Љубин, Шишево, Горна, Долна Матка и дел од ул.„Борис Сарафов“.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје, прекинот е поради дефект од страна на ЕВН.

Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.