Амбасадата на САД во Тирана по повод најновиот извештај на Стејт департментот посочува неколку проблемите со кои се соочува Албанија, како што се беззаконието или корупцијата.

Преку реакција на Твитер, Амбасадата наведува дека САД се залагаат за воспоставување демократија, дека силно ги поддржуваат реформите во правосудството за да се стави крај на неказнивоста, да се повикаат на одговорност корумпираните службеници и организираниот криминал и да се зајакне владеењето на правото во Албанија.

– САД се одлучни да ги стават демократијата и човековите права во центарот на нашата надворешна политика. Како што е наведено во извештајот за Албанија, човековите права треба да вклучуваат независно судство, ослободено од политички притисок, заплашување и корупција. САД силно ги поддржуваат реформите во правосудството за да се стави крај на неказнивоста, да се повикаат на одговорност корумпираните службеници и сторителите на организираниот криминал и да се зајакне владеењето на правото во Албанија, се наведува во реакцијата.