Aмбасадорката на Швајцарија во земјава, Вероник Улман, беше во работна посета на Гевгелија каде оствари средба со градоначалникот Андон Сарамандов.
Тема за разговор на средбата беа тековните активности што Општина Гевгелија ги презема во насока на подобрување на условите за живеење на граѓаните и можностите за продлабочување на соработката.
На средбата, на која присуствуваше и директорот на градското комунално претпријатие, стана збор за проблемите на „Комуналец", особено во време на енергетската криза, и за реализација на проекти кои ќе придонесат за ублажување на економскиот шок.
Амбасадорката Улман, во придружба на домаќинот Сарамандов, ги посети околните плантажи со грозје, како и пречистителната станица – капитален проект вреден 10,7 милиони евра, која беше изградена како резултат на трилатералната соработка меѓу владите на Швајцарија, Грција и Македонија.