Градоначалникот на Кременчук, Малецки Виталиј Олексијович и амбасадорката на Украина во Северна Македонија, Наталија Задоржњук, доцна попладнево преку видео-конференциска врска со градоначалникот на Тони Коњановски, искажаа благодарност за хуманитарната помош од Битола и грижа за граѓаните од збратимениот град во Украина.
Градоначалникот на Кременчук Олексијевич посочи дека помошта од Битола е многу значајна и се доставува до граѓаните зависно од нивните потреби за одредени прехранбени продукти, лекови, облека или средства за хигиена.
Градоначалникот Тони Коњановски нагласи дека Општина Битола и понатаму останува поддржувач на населението во Кременчук и посака што поскоро завршување на воените дејствија во Украина.
За хуманоста на Битола и градоначалникот Тони Коњановски, беше изразена благодарност и преку официјални страници во Кременчук.