Концерт под диригентство на Борјан Цанев, на кој солистички настап ќе имаат Билјана Камчева на флејта, Лазар Соколов на кларинет, Огненка Герасимовска-Димитровска на пијано и Горан Начевски на баритон, ќе се одржи денеска во рамки на фестивалот „Денови на македонска музика“.
Програмата ги вклучува Концертот за флејта, кларинет и оркестар од Љубомир Бранѓолица кој ќе доживее премиерна изведба, како и Концертот за пијано и оркестар од Властимир Николовски и Симфонијата „Убави денови“ од Живоин Глишиќ.