Во Берово вечер ќе се одржи презентација на првото дело на Љубомир Бубевски со наслов „Мрачни денови“. Промоцијата на книгата е закажана во 19 часот, а пред поканетите пријатели, познаници и гости, презентација ќе одржи авторот. Предвидена е и културно-музичка забава за сите посетители.
-„Мрачни денови“ е возбудлива психолошка драма, која ќе ве одведе во потрага по човечките судбини, искушенија, двоумења и неправди, опишувајќи го животот на една племенска заедница, а посебно животот на главниот јунак Тодор Сата. Дејството во овој роман се одвива во предградието Винстон, мистичниот дом и внатрешниот ентериер и екстериер, во градот, шумските предели околу, врвот и изворот Орелско око, се вели во најавата за настанот.
Љубомир Бубевски (39), освен проза, пишува и поезија, но вљубеник е и во музиката, театарот, спортот, филмот. Живее и работи во Берово.