Краткометражниот аматерски филм „На колена“ во режија на млади кумановци беше промовиран пред јавноста во Занаетчискиот дом. Филмот ги прикажува проблемите на младите во модерното општество.
Краткометражниот аматерски филм е во режија на Предраг Анѓеловски и Милан Богдановски, кој воедно е и продуцент. Филмот „На колена“ е резултат на потребата да се зборува за проблемите кои ги притискаат тинејџерите во 21-от век и да ја претстави реалноста на младиот човек во земјава.
– На филмот „На колена“ се работеше година и половина, а се снимаше на повеќе локации во Куманово каде што наидовме на многу пречки и предизвици. Ние сме група тинејџери кои сакаат да испратат порака со какви проблеми се соочуваат младите, изјави Милан Богдановски, продуцент на филмот.
Режисерот Анѓеловски кажа дека филмот прераснал од идеја во реалност, која наидува на позитивна оценка кај јавноста
Во филмот играат: Кристијан Петковски, Валентино Цветановски, Јована Милошевска, Марија Милошевска и Бранко Стојковски.
– Ова е наш прв филм во кој имаме вложивме многу енергија, време и труд, рече Кристијан Петковски, главен лик во филмот.
Првата реприза на филмот ќе биде вечер со почеток во 19.30 часот, повторно во Занаетчискиот дом.