Во уметничката галерија „Метаноја“ во Скопје денеска ќе се отвори групната изложба „Возвишување“ во кураторство на Климе Коробар која ќе трае до 15-ти следниот месец.
-15-ти април e Светски ден на уметноста, но и ден роденден на Леонардо да Винчи, чиј дух и дело преставуваат светско културно наследство. Оваа изложба во која се застапени уметници од повеќе земји, има цел да ги потенцира врските кои нѐ обединуваат и придонесуваат во градењето на една единствена, но и сепак поинаква христијанска култура“, вели за изложбата кураторот Коробар.
Автори на делата се Денис Тенев, Доне Милјановски, Роман Кисјов – Бугарија, Симон Шемов, Владимир Георгиевски, Павле Кузмановски, Вели Блакчори – Косово, Атанас Атанасов – Бугарија, Бернхард Холеман – Австрија, Глигор Чемерски, Евгенија Демниевска, Илија Кочовски.
На изложбата ќе се обратат кураторот Коробар, рецензентот Коста Милков, како и директорот на Комисијата за односи со верските заедници Даријан Сотировски.