Според најновата анкета на БВА, за актуелниот претседател на Франција, Емануел Макрон би гласале 54 проценти, додека за неговата противкандидатка во вториот круг на претседателските избори, Марин ле Пен се изјасниле 46 отсто од испитаниците.
Анкетата е спроведена на 13 и 14 април, при што се испитани околу 1.500 Французи со право на глас.
Според социолозите, излезноста во вториот круг на 24 април би можела да достигне до 73 проценти, а во првиот круг беше 73,7 отсто.
Првиот круг од претседателските избори се одржа на 10 април на кој учествуваа 12 кандидати. За Макрон гласаа 27,84 проценти, а за Ле Пен 23,15 отсто. На изборите во 2017 година Макрон освои 66,1 отсто, а Ле Пен 33,9 проценти од гласовите.