Пратениците на бугарското народно Собрание ја отфрлија кандидатурата на Лубомир Каримански за нов гувернер на Бугарската народна банка (БНБ), јави дописникот на МИА од Софија.
И покрај нискиот праг потребен за одобрување на кандидатурата, поточно само 69 гласа, Каримански не успеа да ги обезбеди и нив.
Против неговата кандидатура во неделата се изјасни владејачката партија „Промените продолжуваат“, која имаше свој кандидат Андреј Ѓуров.
За кандидатурата на Каримански гласаа 58 пратеници од ИТН и ДПС, од вкупно 240 пратеници во парламентот. Останатите политички партии беа против.
Од опозициската партија ГЕРБ побараа прегласување бидејќи намерно не гласаа првиот пат. Меѓутоа, во второто гласање предлогот не беше прифатен.