Претставата „09190“ на кореографот Дејан Битровски и Скопје танцовиот театар 2 со студентите на Катедрата за танц при Универзитетот „Гоце Делчев“, вечер ќе биде изведена во Домот на Армијата, во рамки на фестивалот Танц Фест.
Во претставата ќе настапат Сара Димоска, Јоана Благадуша, Андреј Димовски, Клара Христова, Микаела Ангела Глигорова, Стефани Шааршмит, Викторија Коцева и Емилија Милак.
Во рамки на програмата на Танц Фест, вечер во Кинотеката ќе биде прикажан филмот „Галантан Индија“ за короеографката Бунту Дембеле, која направи хип хоп изведба во Париската опера.
На малата сцена на Националната опера и балет утревечер ќе биде изведена претставата „Популус“ на кореографот Филип Петковски. Во претставата ќе настапат Теодора Георѓиева, Стефанија Маневска, Марија Саздовска, Сара Цветковска, Јована Зајкова, Дени Синадиновски, Антонио Стојчески и Балаж Лучеи. Костимографијата е на Антонија Гугинска Јордановска, Маја Ѓуреска и Гордана Божиновска, муузиката на Дуке Бојаџиев, Влатко Стефановски, Љубојна, Борис Харфман, Хрвоје Црниќ, Мирослав Тадиќ, ДахаБраха, Мобајл Соул Систем. Камерата и фотографијата се на Марко Марјановиќ, а графичкиот дизајн е на Ивана Мојсовска.