Во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес денеска свечено беше одбележан 15 април – Ден на Командата за обука и доктрини и 30 години од кога во касарната во Охрид, ден порано пристигна првиот регрут војник во новоформираната Армија на тогашна Р.Македонија.
На свеченоста присуствуваа министерката за одбрана Славјанка Петровска, началникот на ГШ на Армијата на Р.С.Македонија генерал мајор Васко Ѓурчиновски,генерали, поранешни команданти на КОД и други гости.
Началникот на ГШ на Армијата на Р. Македонија генерал мајорот Васко Ѓурчиновски честитајќи им го празникот на припадниците на КОД, најави дека Армијата продолжува таму каде каде веќе има воспоставено постигнувања.
– Едукацијата и образованието на младите кадри е тежишната мисија на КОД.Питомците на Воената академија се нашата иднина, но и младите војници регрути кои го поминуваат првиот војнички период во велешката касарна. Сега во курсевите кои ги организираме за подофицери, како и курсевите за потребите на службите во Армијата.Вие и понатаму ќе имате поодршка од ГШ на Армијата и од Министерството за одбрана во приоритетите, им порача началникот на ГШ генерал мајор Ѓурчиновски.
Додаде дека развојот на полигонот Криволак , што е составен дел на КОД- Командата за обука и доктрини е еден од нашите врвни национални приоритети, како и едукацијата на кадрите во Армијата.
Тој најави дека ќе дадат приоритети исто така во статусот и стандардот на Центрите за обука во зимски и во летни услови, како и Центарот за симулациии кој се наоѓа во гарнизонт на велешката касарна. Најави и продолжување на едукацијата на странски јазици.
Ѓурчиновски им оддаде признание за завршениот циклус на воспоставени доктрини кои се веќе изработени и кои ќе ги публикуваат во текот на оваа година, а за што било вложено голем труд во изминатите неколку години.
Министерката за одбрана Славјанка Петровска честитајќи им го празникот информира дека еден од високите приоритети на Министерството за одбрана во наредниот период ќе биде донесувањето нови стратегиски документи и концепти за одбраната и доктрината. Таа информира дека со началникот на ГШ си поставиле цел меѓу документите кои треба да ги усвојат да бидат и концептот и доктрината на Армијата на Р.С.Македонија, по нејзиното зачленување во НАТО за кои сметаат дека е еден од најважните документи за одбраната по долгорочниот план за развој на одбраната. Истиот согласно променетите услови и потреби ќе биде ажуриран и донесен како нов.
– Почитувани припадници на Армијата,мотовацијата и посветеноста на секој војник се клучни за успешна одбрана.Вратите се отворени намерата е јасна,создавање на вистински НАТО офицери,подофоцери и професионални војници.Сите НАТО обуки се достапни за припадниците на нашата Армија.Ги интензивираме заедничките вежбовни активности и дома и кај сојузниците,ја зајакнуваме интероперабилноста за која сметаме дека е основа за заедничко работење и функционирање на системот на колективната одбрана која е наш заеднички заштитен чадор.За нас е најважен припадникот на Армијата,службеникот во Министерството и нивната мотивираност,посветеност и нивната позиција во општеттсвото.Мотивираноста и посветеноста на вработените значат и силни институција која е силна да се справи со сите предизвици,потенцира министерката Петровска.
Додаде дека со членството во НАТО целосно ги отворивме вратите на можностите за доедукции и усовршување, а обуките за земјите на НАТО се и обука за нашата армија.
-Со сето ова го зајакнуваме достоинството на луѓето во униформа.Ја оправдуваме нивната позиција во опште и највисокиот углед и доверба кои ги уживаат кај граѓаните,потенцира министерката Петровска.
За полигонот Криволак појасни дека е капицитет на Р. Македонија, но и капацитет на НАТО затоа и на овој полигон развиваат нова инфраструктура и нови содржини. При тоа посебно внимаваат и на зачувување на животната средина со мерни станици кои се поставени во соработка со Универзитетот од Штип.
-Огромно е значењето на обуката која учесниците во мировните мисии кои ја добиваат токму тука.Од нивото на обученоста зависи и нивното однесување на терен,снаодливоста во вонредни ситуации,брзината на тимот и реакцијата.Во сите овие сегменти нашите мировници предничат во НАТО и другите меѓународни мисии токму благодарение на високите стандарди и способности на обучувачите од Командата за обука и доктрини,оцени министерката Петровска.
Заменик командантот на КОД полковник Стојанче Тодоров, потсети на настанот од 15 април 1992 година кога во касарните во земјава пред 30 години пристигна првата класа на регрути од регрутниот состав на Армијата.Ден претходно во касарната во Охрид пристигнал првиот регрут во македонската армија, а тоа е велешанецот Панче Јамандиев, кој денеска беше присутен на свеченоста.
Тодоров потсети дека КОД го слави 15 април во спомен на првата класа од регрутниот состав на македонската армија, како остварување на сонот на генерации борци кои ги положија животите за денешната слобода.
Ведно информира дека во Командата за обука и доктрини покрај регрутите од 1992 до 2006 години низ програмите за обука се обучија 39 генерации граѓани на доброволно служење на воениот рок, а многумина од нив кои успешно ја завршија основната воена обука, денеска се составен дел од активниот состав на Армијата.
Тој потсети дека во изминатите години успешно реализираа основни курсеви за подофицери и кандидатите се стекнаа со првите подофицерски чинови.
Во КОД се реализираат и курсевите за основна и напредна индивидуална обука на професионалните војници како и курсевите за континуирана едукација и развој на подофицерскиот кор на Армијата на Р.С.Македонија. Во Центарот за обука на питомци се врши планирање и реализација на воена обука на идните офицери како и претставници од нашите пријателски земји БИХ,Косови и Црна Гора.Центарот за странски јазици, Центарот за одгледување и дресура на кучиња,Центарот за симулации во континуитет годишно подготвуваат по стотина подготвуваа припадници на Армијата за постигнување на подобри резултати во работата во согласност во согласност со прифатените НАТО стандардизациски договори.
На свеченоста беа наградени со парична награди и стимулации припадници на Армијата од Командата за обука и доктрини, како и најдобрите ученици од распишаниот литературен и ликовен конкурс за ученици од велешките училишта.