Најголемиот руски независен медиум на англиски јазик, Москва тајмс, денеска информира дека руските власти ја блокирале нејзината интернет страница на руски јазик поради критичко известување за војната во Украина.
Во соопштението се наведува дека сајтот на руски јазик станал недостапен за некои корисници и се цитира одлука на канцеларијата на главниот обвинител да го ограничи пристапот.
Властите прво блокираа страница на сајтот со приказна за 11 полицајци кои одбиле да се борат во Украина, додека вчера новинарот кој прв ја објави приказната беше затворен под обвинение за ширење лажни информации за руската армија.
„Москва тајмс“ соопшти дека не добила никакво официјално известување од владата.