Штипската улица „Маршал Тито" во рок од една година повторно ќе се асфалтира. Штипската улица „Маршал Тито" во рок од една година повторно ќе се асфалтира. Реконструкцијата доаѓа откако надзорот утврдил дека градежната компанија која ја реализирала санацијата има пропусти при изведбата, информираше на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов.
Санацијата е на трошок на градежната компанија, а улицата во централното градско подрачје ќе биде затворена за сообраќај во вторник.
-Сакам да ја известам јавноста во Штип дека сите проекти, коишто во наредниот период ќе се одвиваат и реализираат ќе бидат проследени со надзор. Затоа што парите на граѓаните мора рационално и квалитетно да се трошат, вели Јорданов.
Посочи дека денеска ќе се врши гребење на површинскиот слој на асфалтот, а новиот слој на асфалт се планира да се стави во вторник.
Јорданов денеска изврши и увид во градежните работи во спортско-рекреативниот центар „Баби", каде што екипите на двете јавни претпријатија го уредуваат просторот. Новите содржини, игралишатата, осветлувањето, патеките, оградувањето и холтикултурното уредување ќе чинат околу четири милиони денари.
Според проценките на екипите се очекува овој спортско-рекреативен центар да биде завршен за една недела.
Општината има и проект за уредување и на просторот, кој е неискористен од овој центар до училиштето „Славејко Арсов" во населбата Баби.