Во пресрет на празникот Христово воскресение, Велигден, извршени се одредени неопходни градежни зафати на објектот на црквата „Св. Димитриј“ во село Горна Горица, општина Пустец.

Како што информира отец Алексо Темелко, благодарение на донацијата на Деан Нестор, македонски иселеник, со потекло од ова преспанско село, изградени се сводови на тремот во црквата.

– Изградбата на овие прекрасни сводови се реализира со помош на донација од 1000 евра, подарени од Деан Нестор со потекло од село Горна Горица. Господ да го благослови него и неговото најмило семејство. Се надеваме дека овој негов пример ќе го следат и други наши македонски иселеници од село Горна Горица, изјави отец Алексо Темелко.

Според отецот, овој божји храм има потреба и од други градежни зафати, како санирање-зацврстување на јужниот ѕид и изградба на Свештарник.

Црквата “Св Димитриј” во село Горна Горица изградена е втората половина на XIX век.