Во општина Центар Жупа, каде денеска се спроведуваат избори за градоначалник, до 11 часот правото на глас го оствариле 593 лица или 8,38 отсто, од вкупно 7077 запишани избирачи.

– Излезноста постепено се зголемува, што е вообичаено за секои избори. До 9 часот имавме 2,17 отсто излезност додека два часа подоцна излезноста е 8,38 отсто. Во сите 16 гласачки места изборниот процес минува без проблеми, рече Неџип Илјаз, претседател на Општинската изборна комисија.

Вчера требаше да гласаат 57 болни и немоќни лица, колку што прифати комисијата од доставените 61 барање. Правото на глас го искористија 52 лица, додека останатите пет тоа не го сторија од различни причини, во меѓувреме настаната смрт, болнички третман или неважечки документ за идентификација.