Аранжманот на Ана Тодороска е победник на јубилејната 25-та манифестација „Вешта жена-2022“ што се оджа синоќа во Кичево.
-Во третото свое учество успеав да победам, и да бидам најсупешна на 25-то идание на „Вешта жена за Кичево-2022“, во општа категорија, каде учествуваа три маси, жири комисијата одлучи дека мојата маса е најдобро аранжирана и ми ја додели победата. Победничка маса го носеше името „Соѕведие“, што ми овозможи да го претствувам Кичево на Републичката манифестација што ќе се одржи на 17 октомври во Тетово, рече победничката Тодороска.
Инаку покрај трите маси кои беа во натпревар во општа категорија, една маса беше аранжирана за Гран при од страна на Оливера Ширгоска, која како и победничката маса во општа категорија ќе учествува на Републикчкиот натпревар во Тетово.
На оваа манифестација во хотел „Кичево“ беа присутни над 100 припаднички на понежниот пол од градот.
Во месец ноември ќе се одржи и манифестаијата „Етно жена за Кичево 2022“.