По судирите за време на викендот помеѓу полицијата и демонстрантите, приведени се 26 луѓе, од кои осум во градот Норкопинг, а 18 во соседниот град Линкопинг, соопшти денеска шведската полиција.

Во двата града вчера вторпат во четири дена, избија судири поради митинзи на антиимигрантската и антиисламската група Хардлајн (Тврдокорни), предводена од данско-шведскиот политичар Расмус Палудан.

Полицијата соопшти дека три лица биле повредени кога испукале предупредувачки истрели за време на судирите во неделата.

Палудан е адвокат и планира да се кандидира на парламентарните избори во Шведска во септември, но сè уште ги нема собрано неопходните потписи. Тој ги посетува квартовите, со доминантно муслиманско население, и се обидува да го запали Куранот, додека муслиманите го слават светиот месец Рамазан.

Палудан (40) во саботата во Малме го запали Куранот, а во текот на ножта изби пожар во училиште.

Минтинзите на Хардлајн предизвикаа судири помеѓу полицијата и контрадемонстрантите, а на 14 и 15 април во судирите беа повредени околу 12 полицајци.