Кавадарци бира членови на совети на месни и урбани заедници, на територијата на општината, соопштија денеска од кавадаречката локална самоуправа. Изборот се врши на собир на граѓани во заедниците.
– Општината Кавадарци донесе одлука за распишување на избор на членови на советите на месните и урбаните заедници на својата територија. Поради транспаретност на постапката за избор на членови, навреме се известуваат граѓаните за времето и местото на одржување на собирите и тоа почнувајќи од денеска, па во наредните денови. Вечерва во 19 часот има избори во урбаната заедница „Киро Крстев”, со место на одржување во ООУ "Димката Ангелов Габерот " Кавадарци, информираа од локалната самоуправа.
Еден час подоцна, во просториите на ова училиште, ќе има избор и за урбаната заедница „Браќа Џунови”.