Две лица загинаа, 11 се повредени во пукотница на забава во Питсбург, Пенсилванија. Како што соопшти Гласот на Америка, сите повредени се хоспитализирани.

Властите соопштија дека биле испукани најмалку 50 куршуми, а пукањето се случило во изнајмена куќа каде синоќа на забава се собрале најмалку двеста лица.

Некои од гостите повредите ги здобиле скокајќи од прозорци и балкони откако почнала пукотницата. Полицијата не соопшти кој е осомничен за инцидентот.