Велес се гради!
Со подобрување на временските услови се интензивираа градежните зафати во градот. Денес направив увид во градежните активности на улица Александар Несторов на која старата и оштетена калдрма ќе биде заменета со бетонска подлога.
Дополнително извршив увид и на реконструкцијата на коловозот на патниот премин кон Дворови, кој е втор патен премин кој се модернизира за краток временски период.
Долгогодишните проблеми на велешани ги решаваме посветено и домаќински.
Поубав Велес е возможен, поубав Велес станува реалност!