Во текот на неделава во скопската општина Чаир секојдневно се одвиваат активности во рамките на акцијата за пролетно генерално чистење во организација на Градот Скопје и јавните градски претпријатија.
Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на акцијата отстранија 10 кубни метри отпад од дива депонија лоцирана на улицата Архиепископ Доситеј. ЈП Комунална хигиена-Скопје реализира и активности за рачно и машинско метење и миење на следните булевари и улици во оваа скопска општина:ж
• Бул. Крсте Мисирков • Бул. Цветан Димов • Бул. Христијан Тодоровски-Карпош • Бул. Македонско-косовска бригада • Ул. Втора Македонска бригада • Ул. Кемал Сејфула
Воедно, екипите на Претпријатието вршат миење и дезинфекција на контејнерите поставени на јавни површини вклучително со нивните микролокации. Од почетокот на акцијата во специјалните садови што ги постави ЈП Комунална хигиена-Скопје, жителите на општината Чаир одложиле приближно 20 кубни метри кабаст отпад.