Во универзитетската библиотека „Св.Климент Охридски“ од Битола е отворена ликовна изложба на уметникот Пеце Вржовски.

Изложбата е во рамки на меѓународниот собир „Хортикултурни библиотеки“ на кој освен претставници од земјава, учествуваат и гости од библиотеки од Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Црна Гора.

Универзитетската библиотека од 2017 година активно учествува во промоцијата на хортикултурни библиотеки и е членка на регионалната мрежа.